На денешната посета на Алексис Ципрас договорена и воена соработка

Објавил: Узунов Бобан | 2 април, 2019 18:41

Грција со воени авини ќе го чува македонското небо, а има проблеми со Турција која е земја членка на НАТО

Фото/Текст извор: ©магазин

Стабилноста на регионот е цената што треба да и ја плати  Македонија на Грција за надзорот на безбедноста на македонскиот воздушен простор, кој согласно она што беше договорено на денешниот состанот на Високиот совет за соработка, ќе го прави Атина за Скопје.

Имено денеска во рамки на состанокот на Советот, беа потпишани повеќе меморандуми за соработка, а еден од нив и меѓу министерствата за одбрана, согласно кој Грција ќе врши надзор на безбедноста на воздушниот простор над  Македонија. 

Земјите членки на НАТО кои немаат борбени авиони во рамките на програмата Air policing воздушниот простор им го штитат најблиските земји членки на НАТО. На пример, црногорското небо го штитат италијански и грчки воени авини. Air policing е мирновременска мисија чијашто цел е зачувување на безбедноста на воздушниот простор на земјите членки и вклучува постојано присуство 24 часа дневно, 365 дена во годината на ловци пресретнувачи кои се подготвени веднаш да реагираа доколку има нарушување на воздушниот простор. Врховната команда на Сојузничките сили за Европа (SACEUR) е одговорна за спроведување на мисијата. Тоа е знак за усогласеноста, поделба на одговорноста и солидарноста ширум Алијансата. 

Напомена дека Грција има врвни вештини и знаења во во однос сферата на воздухопловството, земјата, како што рече е една од најразвиените во Источна Европа и има капацитет да ја поддржи Македонија.

Соработката, додаде тој, не е само во сферата на военото воздухопловство, интересот е да се зајакне и соработката во цивилното воздухопловство. 

Надоместот за тоа е стабилноста во нашиот регион, тоа сакаме да го добиеме за возврат. Сакаме сосед што е политички стабилен, но стабилен и од аспект на безбедноста. Само кога ќе имаме стабилен и безбеден сосед, тогаш ќе се чувствуваме безбедно – рече Ципрас, одговарајќи на новинарско прашање дали без или со надомест ќе врши надзор на безбедноста на нашиот воздушен простор

Најави обука на граѓани на Македонија, техничка поддршка преку врвни технологии и радарот во Солун.

-Ова е начинот на кој ќе обезбедиме важна поддршка и во полето на безбедноста на летовите и воопшто на воздухопловството. Ова е важно бидејќи со тоа се спречуваат незаконски активности, се спречуваат несреќи и се гарантират безбедни комуникации. За нашата услуга нема да има надомест – рече Ципрас и додаде дека еднаш засекогаш треба да се стави крај на праксата кога порано грчките пилоти поради спорот со заобиколуваме македонскиот воздушен простор. 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на 25 март годинава тврдеше дека турски воени авиони летале во непосредна близина на хеликоптерот со кој тој патувал кон островот Агатониси, на одбележувањето на 182-та годишнина од востанието против Отоманската Империја, што турските медиуми го негираа, според информациите од нивни извори.
– Тие го принудија хеликоптерот да маневрира, додека грчките авиони не ги пресретнаа силите што навлегоа во нашиот воздушен простор – изјави тогаш Ципрас во говорот на Агатониси, кој е оддалечен неколку километри од турското крајбрежје. Иако двете земји Грција и Турција се земји членки на НАТО, често пати меѓусебно имаат проблеми со нарушувања на воздушниот простор. 

На новинарско прашање што доколку опозициите во двете земји победат на избори и го поништат овој договор, но и Преспанскиот воопшто Заев и Ципрас оптимисти дека тоа нема да се случи толку брзо и оти имаат намера тие да победат на следните избори во нивните земји, но и дека двете опозициите со текот на времето ќе ги сфатат придобивките од Договорот, зад кој застана меѓународната заедница.

Заев напомена дека земјава е природно да воспоставува воена соработка со соседите.

-Со Бугарија имаме соработка во областа на тенковите и тренизните, со Турција имаме во областа на едукацијата, а со Грција е договорено да го покрива нашето небо, обезбедувајќи ја сигурноста и стабилноста – рече тој и додаде дека не верува оти некој во иднина би се откажал од ваков договор, бидејќи тој е во интерес на регионот, но и на НАТО Алијансата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести