Аналитичарите тврдат дека изјавата на Коѕијас, е втор и можеби последен удар врз владата на Еди Рама, по изјавата дека никогаш не постоел прогон на Чамите, затоа што не постојат

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 9:16

Грција ќе бара промена на границите со Албанија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Освен заканата за промена на границите што му се заканува на Косово, идентични претензии има и Грција кон Албанија, јавуваат албански медиуми.

Таа констатација ја пренесува и порталот “Албеу” наведувајќи дека изјава “бомба” за промена на границите на Албанија во Норвешка дал шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Да. Разговараме со Албанија и за промена на границите, изјавил Коѕијас.

За разлика од Коѕијас, од албанска страна до неодамна се тврдеше дека се разговара за одржување на граничните камења, а не за менување граници.

Иако Грција се чини започна нови претензии кон албанската територија, албанската влада е многу смирена и ни малку вознемирена, наведува порталот во написот под наслов “Коѕијас го разоткри тајниот план со Рама: Промена на границите со Грција”.

Ова е втор удар, како што го навекува порталот, врз владата на Еди Рама по изјавата на премиерот Алексис Ципрас дека не постои прашање за Чамите (протерани Албанци од грчката област Чамарија во 1947 година).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.