Откако сите политички партии и правни субјекти, го премолчеа повикот на Заев за референдумски поткуп, партијата на Грчева поднесе преставки до сите институции

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 14:55

Грчева со претставка до Обвинителство за обидот на Заев за референдумски поткуп

Фото/Текст извор: ©република.мк

Партијата на Солза Грчева, “Глас за Македонија” поднесе претставки до надлежни институции за говорот на премиерот Зоран Заев.

Имено премиерот во своето излагање како дел од кампањата за рефередумот во Крива Паланка тој им вели на фирмите да им зголемат платите на работниците, што многумина го протолкуваа како поттикнување поткуп за гласање на референдумот.

За обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев на средба со граѓани во Крива Паланка, “Глас за Македонија” денес поднесе претставки до јавниот обвинител на Република Македонија, Државната Изборна Комисија (ДИК), Државната Комисија за Спречување на Корупцијата (ДКСК), до мисијата на ОБСЕ и до Транспаренси Интернешнл Македонија – соопштија од партијата а пренесе република.мк.

Од таму ги повикаат горенаведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив сите граѓани се еднакви.

Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет на закажаниот референдум, будно ќе го следиме. – велат од партијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести