И Генералниот Секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, со апел да се смират тензиите во Идлиб и да се спречи големо крвопролевање во Сирија

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 8:56

Гутереш апелира да се избегне „крвопролевање“ во Идлиб

Фото/Текст извор: ©гугл.ком/магазин.мк

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш апелираше до сите страни кои се директно и индиректно вклучени во конфликтот во Сирија, посебно Иран, Русија и Турција, да ги заштитат цивилите и да избегнат „крвопролевање“ во последниот голем бастион на бунтовниците, Идлиб.

Тој додаде дека тотален судир во Идлиб „би довел хуманитарен кошмар каков што се уште не е виден во крвавиот сириски конфликт“.

Гутереш рече дека е јасно оти „сегашната ситуација во Идлиб не е оджлива и дека присуството на терористички групи не може да се толерира“ но оти е особено важно Иран, Русија и Сирија „да најдат начин да ги изолираат терористичките групи и создадат ситуација во која цивилите нема да ја платат цената за решавање на проблемите во Идлиб“.

Во меѓувреме, американската амбасадорка во ОН Ники Хејли го обвини сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници Русија и Иран дека го „уништиле“ последното големо упориште на бунтовниците во Идлиб.

Таа повторно го предупреди Асад и неговите сојузници дека САД ќе го сметаат секој напад на Идлиб „безобѕирен“ и оти последиците од него би биле многу тешки.

*Антониот Гутереш е португалски политичар и дипломат, актуелен Генерален Секретар на Организацијата на Обединетите Нации. Бил претседател на Владата на Португалија како и претседател на Социјалистичката интернационала. Кофи Анан, за време на својот мандат го именуваше за висок комесар на ОН за бегалци и наа таа функција се задржа од 2005 до 2015 година, во два мандати. Од 5-ти октомври 2016-та година е именуван за Генерален секретар на Организацијата на Обединетите Нации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести