Дачиќ потврди дека позицијата на новата американска администрација е да поддржи нови креативни решенија што би биле прифатливи и за Белград и за Приштина

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 15:22

Дачиќ: “Нема промена оти ние со Косово никогаш и не сме имале граница”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на српската диплометија Ивица Дачиќ изјави дека се согласува со германската канцеларка Ангела Меркел дека нема да има промена на границите на Балканот.

“За нас не постои промена на границите. Ние граница со Косово никогаш и не сме имале. Јас разбирам тоа да го каже некој кој не го има признато Косово но некој кој го признал па сега говори дека нема промена на границите на тоа не треба да се обраќа внимание.” – изјави Дачиќ.

Според него – цинично е кога некој говори за тоа дека нема промена на границите по етнички принцип.

“Според кои принципи се распадна Југославија? Дали можеби ОВК се залагаше за граѓанско општество? Не тоа беше заради етнички принцип. Што е повод и причина на судирите? Тоа се меѓунационалните односи одредени предрасуди или злосторства кои се случуваа во минатото и за територии.” – нагласи Дачиќ.

Тој посочи дека за косовското прашање многу повеќе би сакал да говори со Албанија отколку со Приштина бидејќи со тоа се прикрива суштината дека “станува збор за албанско национално малцинство”.

“Гледате дека и Бујановац и Прешево се во проблем бидејќи не знаат чие се национално малцинство. Дали се Албанци или некој вели дека се Косовци. Сите тие се албанско национално малцинство. Тоа е нешто што е нормално.” – заклучи Дачиќ.

Тој посочи дека е рано е да се говори за тоа кој ја поддржува а кој не ја поддржува идејата за разграничување како опција за решавање на косовското прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.