Столтенберг не убедува дека ако не сме во НАТО ќе бидеме нападнати.Од кого? Македонија на три страни граничи со земји членки на алијансата а на север со неутрална Србија

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 12:10

Дволичноста на НАТО, Столтенберг на Македонија и се закани со напад од Србија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На прес конференцијата пред воената вежба “Србија 2018” година, Столтенберг со дволичен став, Србија е воено наутрална земја и како таква ќе продолжи да соработува со НАТО.

Столтенберг е истиот Генерален Секретар на НАТО кој во периодот пред, за и деновиве по референдумот за промена на името, повикува на политички одлуки за уставни измени и имплементирање на Договорот од Преспа затоа што за Македонија НАТО сега ја отвора вратата и никогаш повеќе.

Во која држава Столтенберг лаже?

Во Србија која има идентична соработка и со ЕУ и НАТО но и со Русија и Кина на економски и воен план или во Македонија? Го прочитал ли Столтенберг организациониот документ на НАТО. Основачкиот договор? Членовите во него?

Во нив е јасно наведено дека земјите членки на НАТО се обврзуваат да се бранат во организациона форма од напад од трета страна. Македонија на сите три страни е опкружена со земји членки на НАТО. Бугарија, Грција и Албанија. 

Од кого ќе не брани НАТО? Од Србија за која Столтенберг смета дека е идеална што е воено неутрална?

Тогаш остануваме на суровиот факт дека за Македонија опасност се токму земјите на НАТО и непризнаената држава Косово. 

Можеби НАТО интеграциите кои Македонија ќе ја чинат 1 милион евра годишна чланарина треба да се согледаат од перспективата на Столтенберг кој очигледно за две соседни држави кои своевремено биле во конфедерација именувана како СФР Југославија има два сосема различни ставови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.