Веста која како бомба одекна во јавноста е дека Марија, била во врска со дизајнерката Елена Караман Кариќ една година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2020 21:50

ДЕНЕС ИМА НОВА ДЕВОЈКА, А ОВА СЕ СИТЕ ЉУБОВИ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ: Меѓу нив и едно момче!

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Марија Шерифовиќ го одржува својот љубовен живот подалеку од очите на јавноста, па затоа медиумите ја поврзаа со многу девојки и мажи со кој била во врска, а ова се сите љубови на популарната пејачка.

Веста која како бомба одекна во јавноста е дека Марија, била во врска со дизајнерката Елена Караман Кариќ една година.

Сепак, тие информации ги негираа членовите на семејството на Марија и Елена.

Медиумите пишуваа и за врската на Марија со една девојка која живее во Америка. Тие две, наводно, се запознале преку меѓусебни пријатели, а пејачката често одела во Лос Анџелес заради неа. Сепак, нивна заедничка фотографија никогаш не се појави во јавноста.

Единственото момче кое Шерифовиќ го покажа во јавноста беше Славко Калезиќ. Врската помеѓу поп-пејачката и црногорскиот пејач и актер, сепак, не траеше долго.

Тие раскинале по шестмесечно забавување, а потоа се шпекулираше дека нивната врска е само маркетиншки трик.

Пејачката често знае да ги „измами“ своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со објавување фотографии на две личности како се држат за рака, што јавноста секој пат ги додава на списокот на врски на пејачката.

Сега се шпекулира дека таа има нова партнерка. Веќе некое време, Марија се гледа со една од најубавите српски жени од јавната сцена, која е во брак со син на голем моќен човек и влијателен бизнисмен.

„Марија и нејзината нова партнерка биле видени неколку пати во познати белградски ресторани, се држеле за раце, имало нежни допири, бакнежи. Се разбира, некој ги сликал, па фотографиите од нивните интимни моменти, кога мислеле дека никој не ги гледа, наскоро почнаа да се шират. Сега, скоро половина Белград ги има овие фотографии во своите телефони “, рече близок извор на Марија, за српски Курир.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести