„Сериозно размислувам за родителството. Сметам дека тоа е најголем животен триумф. Морам да ви признаам дека на самата помисла на тоа се радувам! Сигурна сум дека во следните две години ќе се остварам како мајка“ – ја започна својата приказна познатата пејачка за новогодишната одлука, а потоа одговори и како планира да го направи тоа.

Објавил: Весна Петровска | 2 јануари, 2020 17:46

ПРИЈАТЕН ШОК: Марија Шерифовиќ потврди дека ќе роди бебе!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најдобриот вокал на Балканот, Марија Шерифовиќ во Новата година влегува со најубавата желба – да стане мајка.

„Сериозно размислувам за родителството. Сметам дека тоа е најголем животен триумф. Морам да ви признаам дека на самата помисла на тоа се радувам! Сигурна сум дека во следните две години ќе се остварам како мајка“ – ја започна својата приказна познатата пејачка за новогодишната одлука, а потоа одговори и како планира да го направи тоа.

„Најлогично е моето дете јас да го донесам на овој свет. Само се надевам дека нема да биде пеач или пеачка (се смее). Што се однесува до мене, може да биде музичар, но никако не изведувач. Важно е да биде живо, здраво и паметно. Но сигурно подобро ќе се снајдам ако е син. Од друга страна, би било бескрајно интересно да имам девојче која би била мал бандит како мене. Ќе видиме што ќе се случи“ – изјави Марија за „Информер“ и додаде дена не е заљубена.

„Не сум заљубена. Не планирам да се заљубам. На кого му треба тоа?“ заклучи таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.