Според податоците од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола

Објавил: Мате Парлоф | 24 декември, 2021 18:48

ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ ПОЧИНА КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД КОВИД 19

Фото/Текст извор: ©магазин

Едногодишно дете починало од ковид 19 на Клиниката за детски болести. Детето починало на 29 ноември, но дури денес е пронајдено меѓу починатите и неговата смрт е регистрирана  во денешната статистика, објави 24.мк!

Според податоците од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во дом за деца без родители во Битола!

Тоа било повеќепати  хоспитализирано на Детска клиника од компликациии во склоп на  основните заболувања  меѓу кои епилепсија и хидроцефалус. 

Од Инстутутот за јавно здравје информираат дека до денот на  последната хоспитализација ,  детето било хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде поради долнореспираторна инфекција е лекувано од 15 до 24 ноември кога поради влошување на состојба и позитивен тест на Ковид 19  било пратено  во детската болница во Козле . 

По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64% , а во претходен договор , од  болницата во Козле е  префрлено на Клиника за детски болести каде и покрај интензивниот мониторинг и лекување, механичка вентилација и сите превземени дејствија за лекување и реанимација, завршува летално, соопштија од Институт за јавно здравје.

Ова е втор случај на мало дете починато од Ковид.

Во мај минатата година од компликации од Ковид во Швајцарија почина 10 месечено бебе кое од Македонија беше префлено на лекување таму бидејќи неговите родители работеле во оваа земја.

Тоа воедно беше и прв случај на смрт на бебе од Ковид во Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести