Деспотовски не помислува на одговорност или оставка, тој има предлог протокол за легализирање на непотизмот и судирот за интереси, нешто што не е во ингеренции на Фондот

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 13:21

Деспотовски ќе го легализира судирот на интереси и непотизмот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пари од Фондот за иновации ќе може да добиваат и компании кои во сопственичката структура имаат носители на јавни функции за кои ќе се докаже дека имаат одржлив бизнис и дека не се формирани само за да ги добијат парите од државата.

Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, на промоцијата на протоколот за постапување со компании поврзани со јавни функционери рече дека настојуваат да нема дискриминирање по основ на сопственост.

Популистички би било веднаш да се елиминираат компаниите поврзани со јавни функционери. Ниту ги охрабрувам ниту ги обесхрабрувам. Протоколот треба да покаже како да постапуваме кога ќе ни се појават такви компании. Со предлог-протоколот е опфатена поврзаност со јавни функционери тргнувајќи од премиер па се до претседатели на совети во локалната самоуправа. Се покажа дека не е доволна само изјава за поврзанст со јавни функционери, ни треба да знаеме што понатака. Да најдеме системско решение, а тоа го нуди протоколот. – рече директорот Деспотовски.

Предлог-протоколот предвидува сите апликанти за грантови во Фондот да достават изјави за поврзаност на сопственичката структура со лица на јавни функции, а потоа врз основа на изјавите на компаниите кои ќе се изјаснат за поврзани со функционери се предвидува изготвување анализа на ризик според листа на прашања.

Анализата ќе се спроведува во фазата на административната проверка на пристигнатите предлог-проекти, а ќе ја изведува тим од Државната комисија за спречување корупција, надворешни соработници или партнер организација врз основа на листата со прашања.

Наодите од проценката, протоколот превидува да им бидат испратени до Комитетот за одобрување инвестиции во фазата на пред евалузација, оти ова тело ја носи конечната одлука.

Во следните 14 дена очекуваме забелешки, критики и коментари кои ќе ги земеме предвид при изготвувањето на конечната верзија. Се надевам дека со протокотлот нема повеќе да зборуваме за процедурата туку за квалитетот на предложените проекти. – рече директорот Деспотовски.

Од конечната верзија на протоколот ќе зависи и дали парите од Фондот ќе ги добијат четирите компании кои се изјаснија дека се поврзани со јавни функционери.

Пари треба да добијат фирмата „Декодикс“ од чие сопствеништво се иззема снаата на Цветанка Ласкова, компанијата „Т- сенс“ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, која исто така се иззема од сопственичката структура и за тоа го извести Фондот, „Микросам“ од Прилеп, сопственост на поранешниот министер без ресор Веле Самак, и „Контура“, сопственост на Елена Донева, член на потесното семејство на поранешниот амбасадор Јован Донев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.