Првичните резултати покажуваат дека кандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски има 59.162 гласа, додека кандидатот Гордана Силјановска – 36.328.

Објавил: admin@magazin | 5 мај, 2019 19:56

ДИК СО ПРВИ РЕЗУЛТАТИ : Силјановска 36.328, Пендаровски 59.162 гласа !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во тек е пребројувањето на гласачките ливчиња од денешното гласање за претседател на Република Македонија. Државната изборна комисија ги објави првите резултати.

Првичните резултати покажуваат дека кандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски има 59.162 гласа, додека кандидатот Гордана Силјановска – 36.328.

Македонија ќе добие нов претседател, цензусот е исполнет ! Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на прес-конференција информира дека излезноста до 18:30 часот изнесува 44,50 проценти.

Во 19 часот се затворија избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да го остварат своето право на глас, од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само жителите кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
На 3.480 избирачки места во Република Македонија и на 32 во дијаспората на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот утрово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.