Обвинетите и осудени на доживотен затвор во бегство, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ во 2016 година од страна на приштинскиот суд беа ослободени како невини во постапката

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 13:16

ДНК на Алил Демири пронајдена во возилото кај Смилковско езеро

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Еден од ДНК профилите откриени во возилото „опел омега“ што беше пронајдено по петкратното убиство кај Смилковско езеро му припаѓа на Алил Демири.

Ова го кажа на денешното рочиште за „Монструм“ второто вешто лице, кое даваше исказ во Кривичниот суд.

Кога сме пребарале за ДНК профилите најдени во возилото, ДНК профилот на Демирија Алили роден на 23.06.1985 година излегол, кој бил евидентиран во базата, дека е еден од четирите пронајдени. – изјави вештакот Роберт Јаневски, доктор по генетика.

Косовскиот суд во 2016 година ги ослободи двајцата обвинети во случакот “Монструм“. Тогаш Судот во Приштина одлучил дека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, не може да бидат задржани затоа што нема доволно докази за делото за кое ги товареше. Двајцата обвинети, во отсуство беа осудени на доживотен затвор од Македонскиот суд.

Вештакот посочи дека нема грешка.

Речиси невозможно е да има друго лице со овој ДНК профил, освен ако Алили нема близнак, односно клон на него. – рече вештакот.

Пет лица може да се идентификуваат од возилото а едното е веќе идентификувано.

Тој го потврди исказот на претходниот вештак дека се откриени четири ДНК профили. Посочи дека по извршената анализа со дата базата дојдено е до заклучок дека ДНК профилот на Алил Демири е идентичен со ДНК профилот на задното десно седиште од возилото.

На прашање зошто толку ниска концентрација на ДНК профил кај мешаниот ДНК профил од машка и женска индивидуа, Јаневски одговори дека можеби на пример кратко престојувале во возилото или многу одамна биле внатре.

На волан, на менувач и слично, не сме нашле ДНК погодна за споредбени анализи, па не може да се исклучи ниту еден осомничен оти не бил во возилото – одговори Јаневски на друго прашање.

Судењето за „Минструм“ ќе продолжи на 12 и на 19 ноември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.