Даштевски јасен, Договорот од Преспа не става во правно заложништво, каде ние мора да исполнуваме се што се бара од нас и да молчиме, нивно е правото на вето во секое време

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 13:31

Договорот од Преспа значи и заложништво

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорот и аналитичар, Александар Даштевски излез со дополнително правно појаснување на аспектите од фамозниот Договор од Преспа.

Според овој договор, ние се ставаме во заложништво, бидејќи се прават комисии, меѓусебни комисии, каде што тие секогаш можат да ставаат вето, ако едно прашање не е решено, како што сакаат тие, односно како што е предвидено во договорот. И затоа викаат од ВМРО – ДПМНЕ дека е штетен договорот а истото го вика и Претседателот Иванов. појасни Даштевски при гостувањето во “Само Вистина”.

Даштевски го даде и примерот со Бугарија кога премиерот рече дека наше е Илинденското востание, а Бугарите се побунија.

Стотици такви примери можат да бидат и замка. Тука се виде и замката.

А уште полоша е ситуацијата со Грција. Има една комисија за менување на историјата и учебниците во образованието, и таму тие 2 пати годишно ќе се состануваат и ќе се договараат што да се смени.

Доколку не се исполнат овие услови никаде да не се става Македонија, тие имаат на поглавје право да не блокираат. Секое поглавје отворено од ЕУ доколку вие на пример не сте завршиле одредена обврска, а може да не сте ја завршиле од бирократски причини, еве ние не правиме реформи цела година и поради тоа тие можат да стават вето на секое поглавје, и тоа го пишува во договорот. – појасни Даштевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.