Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Објавил: Владо Марин | 29 април, 2020 8:24

ДОЖД И ГРМЕЖИ: Засилување на ветерот и услови за ретка појава на град!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд.

Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 23 степени.

Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Особено во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.

Што се однесува пак до температурите, истите за време на викендот ќе бидат за само неколку степени пониски во однос на сегашните, исто така и условите за врнежи и за нестабилност за викендот, и тоа особено во сабота ќе бидат поголеми.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...