Тој во писмото кое стана вирален хит ушатено до своите колеги ги опиша 7-те начини за заштита од инфекција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 март, 2020 22:38

ДОКТОР КОЈ РАБОТЕЛ НА КОРОНАВИРУС ДАВА СЕДУМ СОВЕТИ- Еве како да избегнете инфекција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот виролог Џејмс Роб е еден од првите научници кои работеле со коронавируси, проучувајќи ги уште во 1970-тите.

Оттогаш тој го следи развојот на коронавирусите и нивната мутација од животните кај луѓето.

Тој во писмото кое стана вирален хит упатено до своите колеги ги опиша 7-те начини за заштита од инфекција.

Според Роб, ова се 7-те клучни начини да се заштитите:

1. Избегнувајте ракување

Роб сугерира наместо тоа да користите тупаница, допир на лакт.

2. Користете ги зглобовите на прстите кога викате на лифтот или ги вклучувате светлата на јавни места.

Мијте ги рацете со сапун 10-20 секунди или дезинфицирајте ги барем со 60% алкохол.

3. Отворете ја вратата на тоалетот со затворена тупаница или турнете ја со нога.

Роб нагласува да ја фатите рачката од јавни тоалети само ако нема друг начин.

4. Користете средства за дезинфекција кога сте во продавница.

Вирологот ве советува прво да ги дезинфицирате количките и другите предмети со кои доаѓате во контакт.

5. Измијте ги рацете со сапун 10-20 секунди или дезинфицирајте ги барем со 60% алкохол.

Роб потенцира дека ова треба да го правите секој пат кога ќе дојдете од место каде што имало група луѓе, и по секоја активност надвор од домот.

6. Чувајте средство за дезинфекција на влезот во вашиот стан или куќа

Исто така, треба да го имате и во вашиот автомобил.

7. Кашлајте и кивајте во марамче за еднократна употреба, или лактот!

Вирологот предупредува дека облеката на која кашлате и кивате може да носи вируси до седум дена!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...