По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.

Објавил: Весна Петровска | 28 август, 2019 16:02

Драма во автобус на ЈСП: Пијан патник предизвикал голем инцидент – граѓаните велат дека повеќе не е безбедно во јавниот превоз

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Вистинска драма се одвивала вчера во градскиот јавен превоз во Скопје. Пијан патник во ЈСП кршел се пред себе и на крајот го нападла и возачот на автобусот. Случајот бил веднаш бил пријавен во полиција.

Како што информираат од МВР, На 27.08.2019 во 21:50 часот во СВР Скопје бил приведен М.С.(32) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба, поради нарушување јавниот ред и мир со кршење на предмети во автобус со број 5 на ЈСП Скопје, додека сообраќал во близина на спортски центар во населбата Аеродром.

Потоа насилникот и физички го нападнал возачот на автобусот Б.Ш.(57) од Скопје.

По излегување од автобусот на автобуската постојка, М.С. бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сител  објави снимка од вчерашната драма во ЈСП.

Ова не е прв инцидент кој се случил во градскиот првоз на ЈСП очигледно и камерите кои се во автобусите не се доволна причина за насилниците да престанат да прават хаос дока го користат јавниот превоз.

Патниците секојдневно се сведоци на различни поблематични ситуации од страна на поединци дури некои велат дека не се чуствуваат безбедно како порано во јавниот превоз на ЈСП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.