Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2020 10:37

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: ЈСП ја откри причината за запалениот автобус кај Транспортен центар!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ЈСП информира дека автобусот што утринава се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз“, кој сообраќал на линија 45!

Приватен автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје!

-На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР.

За среќа, нема повредени патници, ни околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.
Увид направи и Внатрешна контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири, велат од јавното претпријатие.

Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира.

Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.