Автобуските картички од ЈСП купени во 2015 година, повеќе нема д аможе да се користат бидејќи е предвидено една таква картичка да трае 4 години и рокот на истите е веќе истечен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 февруари, 2020 16:34

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Картичките “СКОПСКА”постари од 4 години веќе не важат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Нова Македонија

За порталот А1 ОН, Деспина Трајковска Димова од ЈСП изјави дека сите картички СКОПСК кои се постари од четири години повеќе не важат и треба да се заменат за нови за кои не се потребни никакви документи.

Автобуските картички од ЈСП купени во 2015 година, повеќе нема д аможе да се користат бидејќи е предвидено една таква картичка да трае 4 години и рокот на истите е веќе истечен.

Старите картички мораат да се заменат со нови кои чинат 200 денари.

„За обновата на „Скопска“ не се потребни никакви документи, доволно е да се приложи старата картичка. Заинтересираните статусот на картичката можат да го проверат во било кој центар за персонализација“, вели Деспина Трајковска Димова од ЈСП.

Димова откри и дека дизајнот на новите картички е поинаков, односно на нив повеќе го нема пејсажот на Скопје 2014, туку скопската тврдина “Кале” и Музејот на Скопје.

„Дизајнот е единствената разлика помеѓу старите и новите персонализирани картички „Скопска“, вели Трајковска Димова.

Од ЈСП велат дека корисниците на јавниот превоз навремено биле информирани за неопходната замена на истечените персонализирани картички.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести