Ве информираме дека денеска, четврток (27.02.2020 год), ЈСП Скопје ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата.Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично, стои во соопштението на ЈСП.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 февруари, 2020 18:39

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ОД ЈСП: Започнува дополнителна дезинфекција на автобусите и кабините на жичарницата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска јавното претпријатие за јавен сообраќај ЈСП, соопшти дека ќе има дополнителна дезинфекција на автобусите и кабините на жичарницата.

Од ЈСП информираат дека ќе се врши дополнителна дезинфекција на автобусите и на кабините од жичарницата…

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека денеска, четврток (27.02.2020 год), ЈСП Скопје ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата.Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично, стои во соопштението на ЈСП.

Од таму информираат дека ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.Инаку, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега, стои во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести