Ве потсетуваме дека од денеска, четврток (12.03.2020 год), согласно препораките и мерките на Влада на РСМ за заштита и превенција од корона вирусот, укинувањето на наставниот процес и препораките за рационално користење на јавниот превоз, особено од страна на возрасните граѓани, возилата од јавниот превоз (автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници), сообраќаат по редуциран возен ред.Возниот ред е идентичен како за време на летниот и зимскиот училиштен распуст и може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 март, 2020 15:38

ЈСП СО МЕРКИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА АВТОБУСИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Јавното сообраќајно претпријатие Скопје извести дека автобусите на ЈСП се редуцирани, а бесплатниот превоз е укинат ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, СТУДЕНТИТЕ И ВОЗРАСНИТЕ.

Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од превентивните мерки од корона вирусот.

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве потсетуваме дека од денеска, четврток (12.03.2020 год), согласно препораките и мерките на Влада на РСМ за заштита и превенција од корона вирусот, укинувањето на наставниот процес и препораките за рационално користење на јавниот превоз, особено од страна на возрасните граѓани, возилата од јавниот превоз (автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници), сообраќаат по редуциран возен ред.Возниот ред е идентичен како за време на летниот и зимскиот училиштен распуст и може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линија или потоа, зависно од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.

Од ЈСП известуваат дека од денеска не важат ниту бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз.

Се укинува и бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, како и поволностите за бесплатно користење на Жичарницата на Водно.ЈСП Скопје продолжува со дополнителната дезинфекција на своите возила, мерки кои се преземаат од пред десетина дена.
Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од превентивните мерки од корона вирусот.
Возилата се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.
Секое возило се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линија или потоа, зависно од динамиката и распоредот на сообраќање во јавниот превоз.
Инаку, редовна внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

Од ЈСП информираат дека одлуките се времени, ќе важат во наредните две недели, се до наредните препораки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести