Градоначалникот на општина Зелениково, Борче Гиевски (лево на фотографијата) физички и вербално нападнал жена која побарала прием кај него

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 7:36

Драма во Зелениково, градоначалник вербално и физички нападнал жена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стевана Кузмановска e жената која беше вербално и физички нападната до градоначалникот на општина Зелениково, Борче Гиевски.

Расплака, објаснуваше како ја нападнал градоначалникот, и како директорката која според неа имала хистерични напади, ја малтретирала поради банални причини како барање на документ.

Стевана е одделенски наставни при Основното Училиште “Марко Цепенков” во Орешани.

Потресно е сведоштвото на Стевана Кузмановска која вчера била нападната од градоначалникот на Зелениково, откако побарала средба со него во врска со однесувањето на директорката на училиштето во Орешани каде што и работи.

Како што вели Кузмановска, таа два пати гласала за градоначалникот а на последните избори гласале и нејзините деца. Како што вели, градоначалникот се однесувал добро, бил добар човек додека бил кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, но не знае што се случило сега.

Низ солзи објаснува дека таа е оставена сама на себе, со своите две ќерки, па прашува дали поради тоа што таа нема никој да ја заштити како и градоначалникот и директорката е подложна на малтретирање, закани, притосоци, а на крајот и натепана од оној кој треба да работи во нејзин и интерес на граѓаните.

Случајот е пријавен во полиција, направен е записник, а Стевана има и лекарско уверение за повредите.

МВР се огласи со Билтен во кој стои:

На 04.09.2018 година околу 12,00 часот С.К. пријавила дека во Општина Зелениково барајќи прием кај Градоначалникот истиот вербално ја нападнал и насилно ја истуркал со вратата. Пријавителката, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски” побарала медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.