Наставникот С.С.исто така  им се заканувал на учениците да не кажуваат дома,

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2019 16:05

Наставник по географија кој е член на Советот на општина Кочани удрил ученик на час?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО: КУРИР

Наставник по географија во ОУ „Никола Карев” Кочани со иницијали С.С, кој воедно е и советник од редовите на НСДП во Советот на Општина Кочани, удрил ученик од седмо одделение за време на час.

Записникот направен по родителската средба фото: Курир

По одржаната родителска средба на 7-1 одделение во ОУ „Никола Карев” Кочани бил изработен записник, до кој дојде редакција на порталот КУРИР, на кој јасно се гледа дека наставникот С.С. физички го нападнал ученикот Д. и му удрил шлаканица. Во записникот е запишано дека покрај физичкиот напад наставникот и вербално се пресметувал со ученикот Д. и неговиот соученик А.

Наставникот С.С.исто така  им се заканувал на учениците да не кажуваат дома, по што родителите дознале од останатите соученици на детето кое било удрено од професорот по географија.

Директорката на училиштето била информирана за целиот инцидент бкоја за цело време додека траела тензијата околу инцидентот била на страната на наставникот С.С. и целосно го заштитувала.

Директорката на училиштето Б.П. не сакала да ги ислуша учениците за инцидентот, а пред родителите кон учениците се обратила со зборовите:

„Да не ве утепа кога ве удри?” На Записникот од одржана родителска средба исто така јасно е забележано дека родителите имаат сериозни замерки на однесувањето на наставникот С.С. поради насилничкиот однос кон нивните деца и пред се поради вербалните закани и понижувачки однос кој овој наставник го има кон учениците во ОУ „Никола Карев” Кочани.

За овој инцидент, бил запознаен и Градоначалникот на Кочани, г-н Николчо Илијев и исто како и Директорката и тој застанал во заштита на наставникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести