85 годишен дедо, од селото Кривогаштани, физички ја нападнал, својата сопруга која 91 годишната Е.П.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2019 11:02

Драма во Кривогаштани: Старец ја претепал 91-годишната сопруга

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

85- годишен дедо, од селото Кривогаштани, физички ја нападнал, својата сопруга која 91 годишната Е.П.

– Како што соопштуваат од полицијата се уште не се познати причините за нападот врз Е.П.

„На 26март пријавено е  дека 91-годишната Е.П од селото Рувци,Кривогаштани била физички нападната од сопругот, 85-годишниот Ј.П. велат од полицијата.

Инаку Е.П. по констатираните повреди веднаш била пренесена во Клинички центар Скопје, додека пак нејзиниот сопруг  е лишен од слобода.

Загрижувачко е тоа што секојдневно има по еден случај на семејно насилство во Македонија

Во Македонија семејното насилство и во ова модерно време се уште може да се каже дека е на високо ниво. Податоците на Министерството за внатрешни работи за 2017 година за семејјно насилство велат дека биле регистрирани 973 жртви на семејно насилство, од кои 756 се жени, а 217 биле мажи, а бројот на жртвите се зголемува.

Инаку ваквите статистики само потврдуваат дека сѐ уште жените се најчеста жртва на семејно насилство. Бројот на семејјно насилство од година во година се зголемува, а Македониа има сериозен проблем со тоа.

И покрај тоа што во 2014 година беше донесен Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, нема намалување на бројот на семејното насилство и се уште жените се најчести жртви на истото.

Во 2013 година биле евидентирани 433 жртви и 196 сторители, а во 2014 година – 563 жртви и 289 сторители. Па доколку се анализираат податоците од овие две години ќе се забележи дека постои зголемување од дури 50 отсто за сторители и 30 отсто за жртви од семејно насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести