Доколку продолжи трендот на вакво поскапување, треба да очекуваме значително повисоки цени кај сите нафтени деривати

Објавил: admin@magazin | 2 јули, 2018 12:52

Драстично поскапување на сите горива

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На секое поскапување на нафтата од 5 долари, цената на бензинот се зголемува за 3, додека цената на дизелот се зголемува за 2 денари.

Во денешното тргување, барел нафта се продава за 78,5 долари откако во петокот се доближи до границата од 80 долари, завршувајќи го тргувањето на 79,3.

Минатиот понеделник кога беше одредена цената во Македонија регулаторот пресмета просечна вредност на суровата нафта од 73,8 долари за барел. Доколку продолжи трендот на вакво поскапување, треба да очекуваме значително повисоки цени кај сите нафтени деривати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.