Зоран Заев на чекор да се соочи со политичко фијаско, никој не ги поддржува уставните измени но и никој не сака да оди на избори по скратена постапка по негови правила

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 6:55

ДУИ предлага тајно гласање во парламентот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Заев нема проблеми само со албанската опозиција, и ДУИ сметаат дека премиерот треба да се појасни зошто се брза на превремени избори а не се преговата со ВМРО – ДПМНЕ за можноста за поддршка за Уставни измени.

Ваквиот став на партијата вечерва во гостување на 1ТВ го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции, од редовите на ДУИ, Бујар Османи, кој рече дека евентуална опција би било тајно гласање на пратениците, затоа што со самиот повик на бојкот не беше гарантирана тајноста на референдумот, а пратениците што гласаа добиваа закани.

Претходно, анонимен висок владин функционер дека премиерот Зоран Заев најверојатно нема да се сретне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во врска со уставните измени за Договорот од Преспа, со што речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори.

Според него, Заев и СДСМ немаат намера да ги убедуваат Мицкоски и пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да гласаат за уставните амандмани, особено по децидните ставови на опозицискиот претседател и пратениците дека нема да дадат поддршка за амандманите, како и по испорачаните услови од опозицијата за нов опозициски јавен обвинител, анкетна комисија за референдумските нерегуларности и Пржинска влада со целосен мандат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести