Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2020 21:19

Д-р Даниловски: Вирусот се пренесува и преку воздух – вака да се заштитите од вирус што лебди

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Истакнатиот епидемиолог проф. Д-р Драган Данаиловски на својот Фејсбук профил се огласи во врска со најновите потврдени информации дека корона вирусот се пренесува и преку воздухот и цитира текст на „Њујорк тајмс“:

„Како да се заштитите од вирус што можеби лебди во затворен простор?  За почеток, со подобра вентилација. И продолжете да ги носите маските.

Корона вирусот може да остане со часови во ситни капки во застојан воздух, инфицирајќи ги луѓето додека вдишуваат, укажуваат сè поголем број научни докази. Овој ризик е најголем во преполни затворени простории со слаба вентилација и тоа може да помогне во објаснувањето на настани на супер-пренесување, пријавени во кланици, цркви и ресторани.

Не е јасно колку често се шири вирусот преку овие ситни капки или аеросоли, во споредба со ширењето преку поголемите капки, кои се исфрлаат кога некое болно лице кашла или кива или кога се пренесува преку контакт со загадени површини, вели Линзи Мар, експерт за аеросоли во Вирџинија Тек универзитетот.

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.