Данаиловски вели дека кластерот „Избори“ почнува да ги дава првите бројки на заразени со коронавирус. Предизборните собири и постизборните прослави ќе ни се удрат од главата, вели тој.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јули, 2020 11:52

Даниловски: На ред е кластерот „избори“, полициски час мора да се воведе!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк фото: македонски весник

Во интервју за ТВ 24, истакнатиот епидемиолог д-р Драган Данаиловски вели дека и покрај големата бројка на заболени од Ковид-19, целосен карантин не доаѓа предвид.Според него можно е да биде воведен  ноќен полициски час поради неоговорноста на младите.

– Карантин по примерот на Дебар јас не би воведувал. Граѓаните се веќе уморни од такви мерки. Има полесен начин. Но, мене нешто друго ме загрижува, а тоа се сликите и видеата кои се споделуваат изминатите два дена од некој клуб во Струмица. Па, ви се молам, можно ли е да сме ние толку неодговорни. Тоа не смее да се случува, тоа е едноставно недозволиво во услови на пандемија – вели тој.

Како што вели тој кластерот „Избори“ почнува да ги дава првите бројки на заразени со коронавирус. Предизборните собири и постизборните прослави ќе ни се удрат од главата, вели тој.

Данаиловски вели дека може да се заштитиме од вирусот само доколку сите носиме маски и се однесуваме одговорно.

Вчера членот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, за ТВ21 потврди дека постои можност парламентарните избори да влијаат на зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во земјава. Имено тој посочи дека тоа ќе го дознаеме дури по седум дена.

Ваквиот одговор на Караџовски следеше по рекордниот број на заболени во саботата па реакциите беа дека сето тоа е резултат на гласањето на 15 јули.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести