И со заладувањето, во Хрватска и Црна Гора се забележани над 20 шумски пожари во кои има материјална штета а евакуирани се над 35 лица

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 13:38

Евакуирани над 35 луѓе поради пожари во Далмација и Црна Гора

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Два ер трактори и два канадери од утрово гаснат пожар кај Метковиќ, а уште еден канадер ќе биде испратен на пожарот кај Дубровник, соопшти хрватското министерство за одбрана.

И во околината на Подгорица ноќеска се гаснети најмалку 15 шумски пожари.

Силното невреме синоќа повторно го разгоре пожарот во близина на Мокала кај Оребиќ, поради што 35 луѓе се превентивно евакуирани во приватни куќи, а според последните информации од терен, куќите се безбенди и ситуацијата е ставена под контрола, соопшти хрватската Државна управа за заштита и спасување.

Потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Дамир Крстевиќ, вчера ги посети подрачјата зафатени од пожарите кај Оребиќ на полуостровот Пељешац и Кулата Норинск кај Метковиќ.

Во меѓувреме, се уште е активен пожарот кај Подгорица, во местото Близна, а пожарникарите успеале да ги одбранат објектите, изјави Ранко Рацковиќ од Службата за заштита и спасување на Подгорица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.