ОН: Во „Северна„ Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот!

Објавил: Македонка Димкин | 30 март, 2019 14:55

Еве зошто се иселувале македонците, според ОН од „Северна„ биле најсреќни?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

“World Happiness Report” е  последното истражување на Обединетите нации,според која анкета , најсреќните луѓе на светот живеат во Финска, Данска и Норвешка. Во топ 10 се и Исланд, Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.

Во извештајот земјите се рангираат врз основа на конечниот индекс на среќа, а среќата се дефинира по повеќе категории: БДП по глава на жител, слобода, великодушност, социјална поддршка, перципција за корупција во владите и претпријатијата и здравје, односно пристап до медицинска нега.

Во „Северна„ Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот

Во државите од регионот, според извештајот најсреќни се Словенците кои се наоѓаат на 44 место во светот. Позади нив се наоѓа Косово кое е на 46 место. Србија е на 70 место, Црна Гора на 73, Хрватска на 75, Босна и Херцеговина на 78 а „Северна„ Македонија е убедливо последна и се наоѓа дури на 84 место на ранг листата од 156 држави.

Гледано по категории, се гледа дека во земјите од регионот, општествета поддршка е најслаба во БиХ а чувството на слобода е најниско во Црна Гора.

Во поглед на БДП по глава на жител, најдобро е рангирана Словенија а најлошо Косово. Во пристапот до медицинска помош најдобро е во Словенија а најлошо во Северна Македонија.

Најнесреќни на светот се граѓаните на Јужен Судан, Централно Африпката Република и Авганистан. На дното на листата се наоѓа и Танзанија, Руанда, Јемен, Малави, Сирија и Боцвана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.