Објавен составот на македонско - грчкиот комитет на експерти, фамозна комисија која по евентуални уставни измени ќе треба да работи на имплементирање на договорот

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 13:12

Еве кој се ќе ни ја (с)крои историјата ако станеме Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Комитет за историски, археолошки и образовни прашања од македонска страна, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Од Грција, пак, во комитетот што го предводи заменик министерот за надворешни работи, Маркос Боларис, членовите се во најголем дел професори од солунските универзитети.

Од Универзитетот “Аристотел” во Солун се професорите Спиридон Сфетас, Јаковос Михаилидис и Атанасиос Лупа од Катедрата за историја и археологија.

Професорот Николаос Заикос, е од Катедрата за балкански, словенски и источни студии на солунскиот Универзитет “Македониа”. Додека, пак, останатите членови се професорката Александра Јоаниду од Катедрата за руски јазик и филологија и словенски студии на атинскиот универзитет “Каподистриан” и Ефтимиос Харлавтис, од Директоратот за земјите од Југоисточна Европа во грчкото МНР.

Од Македонија тоа се професорите Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска – Станишковска, Фахри Рамадани и Кица Колбе.

За Далибор Јовановски се знае дека е професор на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Професор Никос Чаусидис е од Ташкент, поранешен СССР и работи при Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Професор Људмил Спасов предава на Филолошкиот факултет и е претседател на владината комисија за заштита и унапредување на Македонскиот јазик. Ана Чупеска – Станишковска е доцент при Институт за политички науки додека Фахри Рамадани доаѓа од Државниот Универзитет во Тетово а Кица Колбе е писателка

Имињата на членовите од македонска и грчка страна беа доставени во грчкиот Парламент, во писмениот одговор на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по пратеничкото прашање на пратеничката од Нова демократија Софиа Вултепси.

На 13 септември годинава, Вултепси од грчкото МНР побара да биде објавен составот на комитетот, заедно со биографиите на членовите како од грчка, така и од македонска страна.

Согласно со Член 8 став 5 од Договорот од Преспа,  од 17 јуни, во септември беше формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.