Европратениците покрај нивната месечна бруто плата од 8.611 евра, примаат 4.416 евра месечно за дополнителни трошоци и немаат обврска да бидат транспарентни за нив

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 14:37

Европратениците не се обврзани на транспарентност за додатоците

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европскиот суд денес оцени дека европратениците немаат обврска да бидат транспарентни околу дополнителните надместоци?

Три години откако група истражувачки новинари поднесоа тужба против Европскиот парламент затоа што европратеници одбиле да откријат на што ги трошат своите додатоци, Европскиот суд на правда денеска застана зад Европарламент оценувајќи дека европратениците немаат обврска да бидат транспарентни околу дополнителните надместоци.

На одлуката веќе реагираше невладината организација Транспаренси Интернешнл нарекувајќи ја “длабоко разочарувачка”.

Судот во образложението на својата одлука се повикува на аргументот за заштита на приватноста.

Во 2015 година групата истражувачки новинари побараа транспарентност од ЕП за начинот на кои европратениците ги трошат разните додатоци кои им следуваат, како на пример, патните трошоци.

Европскиот суд на правда оцени дека постои ризик за приватноста и интергритетот на пратениците, бидејќи „побараните документи содржат информации“ за нив и фактот што личните податоци се тесно поврзани со јавните податоци „не значи дека тие податоци не можат да бидат окарактеризирани како лични податоци“.

Иако највисокиот европски суд прифаќа исклучоци на ова правило, тој оцени дека во овој конкретен случај условите не биле исполнети и дека не гледа доволно причини на новинарите да им даде пристап до побараните документи.

Желбата да се отвори јавна дебата не може да биде доволна за да ја покаже потребата за трансфер на лични податоци, бидејќи тој аргумент е поврзан само со целта за пристап до документите. За крај, барателите не докажаа дека трансферот е соодветен и пропорционален на бараната цел, наведе Судот во своето образложение да не им даде пристап на новинарите до информациите за дополнителните трошоци на европратениците.

Европратениците покрај нивната месечна бруто плата од 8.611 евра, примаат 4.416 евра месечно за дополнителни трошоци.

Новинарите во 2015 година поднесоа тужба пред Судот поради одбивањето на Европарламентот да им даде пристап, во рамките на новинарски истражувачки проект, до начинот на кој европарламентарците ги трошат своите додатоци.

Новинарите не сакаа да коментираат за одлуката на Судот додека не се произнесат адвокатите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...