Европската Унија ја пофали интервенцијата на грчката погранична полиција во давање отпор кон мигрантите и со тоа го разлути турскиот претседател Ердоган.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 4 март, 2020 11:45

Европска Унија најави нови 700 милиони евра поддршка за Грција

Фото/Текст извор: ©Guardian

Лидерите на Европската Унија дадоа поддршка за Атина, опишувајќи ја Грција како „штит“ на Европа во притворањето мигранти, и покрај прашањата на ООН за кршење на меѓународното право за бегалци.

Четворица водачи на ЕУ се состанаа со грчкиот премиер, Кирикос Мицотикис, во граничниот град Орестиада во вторникот, во близина на грчката полиција која користејќи солзавец одврати стотици мигранти од обидот да преминат од Турција.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави дека:

„Оваа граница не е само грчка граница, туку е и европска граница… Им благодарам на Грците што во овие времиња беа наш европски штит“.

Тие најавија и 700 милиони евра (609 милиони фунти) во фондовите на ЕУ за Грција, вклучувајќи 350 милиони евра веднаш за ажурирање на инфраструктурата на границата. Агенцијата на ЕУ за гранично управување, Фронтекс, го разгрнува составот „брза интервенција на границата“, во кој се вклучени еден оф-шор брод, шест крајбрежни патролни чамци, два хеликоптери, еден авион, три терминални возила, како и 100 граничари за засилување на 530 грчки офицери на копнени и морски граници.

Нов бран мигранти од Турција кон Грција

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ ги повтори зборовите на лидерите од ЕУ, истакнувајќи дека:

„Грција сега е штит, вистинската надворешна граница на Европската унија и гарант на стабилноста за целиот европски континент“.

Посетата на ЕУ лидерите во Атина се случи во услови на ескалирање на војната на зборови меѓу Атина и Анкара, откако министерот за надворешни работи на Турција без да обезбеди докази рече – дека грчките војници убиле тројца мигранти кои се обиделе да влезат во земјата, тврдење кое е негирано со индигнација од страна на Грција.

ЕУ се бори да го спаси својот миграциски пакт во 2016 година со Турција, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата објави дека ги „отвора вратите“, велејќи дека Турција веќе не може да се справи со бегалците што бегаат од Сирија.

Освен тоа турскиот претседател Ердоган ја обвини Европската Унија дека штитејќи ја својата територија, сите мигранти ги оставила на Турија и при тоа не давала никаква поддршка ниту покажала волја за соработка. Ова реакција на Ердоган следува откако лидерите на Европската Унија ја пофалија заложбата на Грција во справување на мигрантската криза, а подзаборавија на значајната улога на Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...