Денеска се одржа петнаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската Унија .

Објавил: Македонка Димкин | 19 март, 2019 18:04

Европскиот совет го утврди патот кон отворање на преговорите за пристапување во јуни?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска се одржа петнаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската Унија .

Советот за стабилизација и асоцијација потсети дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) останува во сржта на односите меѓу ЕУ и Република Македонија сѐ додека земјата не влезе во ЕУ. Советот за стабилизација и асоцијација ја зеде предвид главната цел на земјата да отпочне преговори за пристапување и ја потврди силната посветеност на новата Влада кон оваа цел. Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави фактот дека Европскиот совет го утврди патот кон отворање на преговорите за пристапување во јуни 2019 врз основа на континуиран напредок и опипливи резултати, со одржување и продлабочување на сегашната реформска динамика. Советот за стабилизација и асоцијација ја зеде предвид намерата на Комисијата и Владата да ја започнат неопходната подготвителна работа.

Во врска со добрососедските односи

Советот за стабилизација и асоцијација ја истакна важноста на националните власти да продолжат да ги применуваат препораките на Европскиот суд на ревизори. Особено, националните власти треба да ги зголемат своите напори за ширење на најдобрите практики во спроведувањето на претпристапната помош од ЕУ низ целата јавна администрација. Исто така ја истакна важноста на здравото финансиско управување и потребата за целосна усогласеност со критериумите за секторски пристап.

Советот за стабилизација и асоцијацијасилно го поздрави и поддржа договорот меѓу Атина и Скопје за прашањето за името и за воспоставување на стратешко партнерство. Ова е историски чекор, кој претставува пример за регионот на Западен Балкан и пошироко. Овој договор, заедно со Договорот помеѓу Бугарија и Република  Македонија за пријателство, добрососедство и соработка, поставува силен пример за другите во регионот и пошироко за зајакнување на добрососедските односи.

Советот за стабилизација и асоцијација ја нагласи важноста од континуирано спроведување на овие договори во духот на добра волја и ја нотираше заложбата на владата во за оваа цел. Советот за стабилизација и асоцијација ги разгледа клучните случувања во текот на претходниот период во врска со исполнувањето на политичките критериуми, како и состојбата во врска со економските критериуми и финансиската соработка.

Во врска со политичките критериуми,

Поздравени беа и  значајните чекори што ги презема владата за унапредување на реформите поврзани со ЕУ, на транспарентен и инклузивен начин, како и позитивните промени во општата атмосфера во земјата. Потврдувајќи ги досегашните достигнувања, Советот за стабилизација и асоцијација ја охрабри Република Македонија да ги продолжи своите напори во текот на следните месеци за да продолжи со законодавните мерки и да го зајакне спроведувањето на реформите, особено во областите што ги утврди Советот во јуни 2018 година, како што се судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реформата на разузнавачките служби и јавната администрација. Охрабрени беа,  Владата, опозициските партии, граѓанското општество и другите засегнати страни да продолжат да соработуваат едни со други. ЕУ ги повикува сите парламентарни партии да ги остават своите поделби настрана и да работат заеднички на исполнување на реформската агенда и на заедничката стратешка цел за интеграција во ЕУ, во корист на сите граѓани.

Во врска со владеење на правото.

Беше потврдено дека се усвоени законски измени за да се одговори на „Итните реформски приоритети“, препораките на Венецијанската комисија и оние на Високата експертска група за системски прашања за владеењето на правото, што имааа за цел позитивно да влијаат врз независноста на судствотото. Советот за стабилизација и асоцијација го поздрави континуираниот напредок направен во истрагите спроведени од страна на Специјалното јавно обвинителство за воспоставување правна одговорност за прислушувањето. Ја истакна важноста на одржливо решение за идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, што е во согласност со Стратегијата за реформа на судството. Советот за стабилизација и асоцијација потсети на важноста за одговорност за нападот врз Собранието од 27 април 2017г.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести