Поранешниот спикер Трајко Вељаноски и министерот за труд Спиро Ристовски приведени за настаните од 27 април

Објавил: Узунов Бобан | 20 февруари, 2019 18:10

ЕКСКЛУЗИВНО: Приведени Трајко Вељаноски и Спиро Ристоски

Фото/Текст извор: ©магазин

Според информациите кои ги објави ТВ АЛфа поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и министерот за труд и социјална политика биле приведени за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.  

Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две за „помагање“. 

ОБвинителката Вилма Рускоска во август во врска со настаните од 27 април ги даде следните изјави:

» Триесет и шест сведоци и многу материјални докази, телевизиски снимки, како и снимки од камери од институции, ќе ја докажуваат вината на обвинетите од настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија – изјави вчера обвинителката Рускоска по првото рочиште.

Таа рече дека засега само за овие обвинети имаат цврсти докази, но не исклучи и нови обвиненија доколку се обезбедат други докази.

» Кога ќе имаме цврсти докази за организаторите или нарачателите, тогаш и тие ќе бидат обвинети – рече Рускоска.


Трајко Вељаноски (2 ноември, 1962 во Сливово, Охридско) — правник, политичар и осми по ред легитимен претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија. Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба – правото и легислативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Трајко Вељановски кој е актуелен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Обвинителството за Крвавиот четврток приведени се уште двајца осомничени со иницијали М.Ј. и С.Р., за кои засега не го откриваат идентитетот.

Случајот 27 април го води ОЈО за организиран криминал, а за овој предмет во тек се завршните зборови за оние за кои има обвинителни акти.

Во ноември минатата година, на судско рочиште за Крвавиот четврток, се читаа СМС пораки од телефонот на Трајко Вељановски.

» На 27 април во 17:48 Трајко Вељаноски испраќа смс порака до Горан Ѓошевски со содржина „бидете на штрек“. Ѓошевски во 17:49 испраќа смс порака со содржина „да” и подоцна уште една „сите знаат и од МВР”. Во 18:04 Вељановски му праќа порака „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето место – прочита тогаш дел од вештачењето обвинителката Вилма Русковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.