Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија !!!!!!!!!

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 август, 2020 10:48

Вељаноски: Нема економска оправданост за толкав број на потпретседатели на Собранието!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски се огласи во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието преку својот Фејсбук профил каде направи споредба за тоа како било за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ а како е сега со СДСМ .

 

Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.

Во време на претходната власт:
2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:
– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија !!!!!!!!!

Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието, посочува Вељановски.

За потсетување Трајко Вељаноски беше  осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршеше од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.

Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести