Спасувачките единици стравуваат дека има уште три жртви кои се под урнатините, но засега акција за нивна локација е невозможна

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 15:02

Експлозија во најголемата руска фабрика за муниција: Тројца загинати, голем број на повредени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во големата фабрика за муниција во Нижњиновогородската област во Русија, дошло до голема експлозија, а во инцидентот има загинати и голем број на повредени лица.

Инцидентот се случил во погонот за производство на амонијак во компанијата „Свердлов“ во градот Џержинск, откриваат руските медиуми.

Според прелиминарните информации, најмалку три лица го загубиле животот, а неколкумина се повредени. За уште три лица се трага, а се стравува дека би можеле да се наоѓаат под рушевините.

Од експлозијата избил пожар на површина од околу 100 квадратни метри кој што се ширел со голема брзина, па пожарникарите се обидуваат да го локализираат и изгаснат. Околностите на инцидентот моментално се разјаснуваат, пренесуваат руските медиуми.

Фабриката „Свердлов“ е една од најголемите фабрики за производство на муниција во Русија. Фабриката произведува широк спектар на индустриски експлозивни материјали, детонатори, алатки за дробење на тешки материјали во рударската индустрија и полнења за нафтената и гасната индустрија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.