понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Денес во Турција се одржаа новите Претседателски и парламентарни избори

Објавил: Македонка Димкин | 25 јуни, 2018 0:35

Ердоган победи на претседателските избори во Турција уште во првиот изборен круг.

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори во Турција и уште во првиот изборен круг избори нов претседателски мандат, овој пат со многу поголеми овластувања, покажуваат првичните неофцијални резултат

Досега се преброени 73 проценти од гласачките ливчиња, Ердоган освоил 53,9 проценти, додека неговиот конкурент Мухарем Инце 30,1, што значи нема да има втор круг гласање, иако според сите претходни анкети се очекуваше нивен дуел во прегласувањето.

Реџеп Тајип Ердоган (роден на 26 февруари 1954 година во Истанбул) е турски политичар (АКП) и од 28 август 2014 година, дванаесеттиот претседател на Републиката. Од 1994 до 1998 година бил градоначалник на Истанбул. Во март 1999 година, тој помина четиримесечен затворски рок. Од 2001 до 2014 година бил и од мај 2017 повторно е претседател на АКП. Од март 2003 до август 2014 година тој беше премиер на Турција, По почетната фаза на демократизација и економски реформи, Турција сé повеќе се оддалечува од демократски и уставни стандарди под претседателство на Ердоган од средината на 2010 година. Системот што тој го дизајнира има за цел да ја развие сопствената моќ, која се очекува да биде консолидирана до крајот на 2019 година преку трансформирање на парламентарниот систем  во авторитарен претседателски систем.

Што се однсува до парламентарните избори, кои денес беа паралелно спроведни, и тука води партијата на Ердоган – АКП има освоено 43,7 отсто (297 седишта), додека ЦХП на Инце 21,9 (142 седишта), „Добра партија“ на Аксенер 9,9 (45 седишта) и про-Курдската ГДП со 10,4 исто така влегува во парламентот со 65, а коалицискиот партнер на Ердоган, националистите од МХП освоиле 11,5 проценти, односно 51 седиште.

Иако АКП ги доби изборите, сепак ќе мора да ја сочува колаицијата со МХП за да има мнозинство во парламрнтот.

Опозициските партии уште не му честитале на Ердоган, имаат најави дека ќе ги предизвикаат изборните резултати, иако од странство веќе стигнаа првите честитики до турскиот претседател – неговиот колега од Азербејџан, Илхан Алиев и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

По повод победата на турскиот претседател Реџеп таип Ердоган и неговата АКП партија на предвремените избори , жителите на српското место Нови Пазар приредија прослава со бина и музичка програма.

Жителите се организирале преку социјалните мрежи за да ја прослават победата на Ердоган.

И во Македонија раздвижување , така во прилепско Канатларци веќе се слави победата на Ердоган

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.