Марин се крие од аеродромци, пропадна ветувањето дека нема да има објект кај "Мајчин дом", инвеститорот бара 11 милиони евра обештета но ветува и продолжување со градба

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 7:39

Етеми: Општинaта нема пари да ме обесштети, ќе ја градам зградата

Фото/Текст извор: ©makfax/магазин.мк

По двонеделни преговори за трајно стопирање на градбата кај „Мајчин дом“, сопственикот на парцелата, Фатмир Етеми, нема надеж дека Општина Аеродром ќе го обесштети.

Тој по објaвата дека ги разлутил аеродромци, реши да одговори на прашањата кои трета недела не ги одговараше а во врска со можната обештета за запирање и прекин на градбата која од 5.5 достигна фанстастични 11 милиони евра.

Вели дека се обиделе да најдат нова соодветна локација како замена за онаа пред „Мајчин дом“, но не нашле таква ниту на територија на Аеродром ниту, пак, пошироко на територија на Град Скопје.

Општина Аеродром нема пари да ме обесштети. Буџетот е празен, сега се градат пет згради таму, а порано се градеа сто. Ние го полневме буџетот. – вели Етеми.

За да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои не сакаат таму да има зграда, вели дека е подготвен да преговара уште неколку недели во кои ќе ги убеди жителите дека зградата нема да влијае на загадувањето на Аеродром и дека ќе биде украс во oпштината, за потоа да продолжи со градење.

Вели дека влегол во проектот оти верувал во правна држава имајќи предвид дека целата документација му е законски издадена.

Очекувал незадоволство, но не очекувал протести и најави засадување 150 нови дрвја.

Градоначалникот Златко Марин на кој токму овој проект и неговото стопирање му беа фокусните точки во изборната програма не е достапен за јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.