По основањето на самостојна општина Тузи непосредно до Подгорица, албанците имаат причина да бараат права исти како и во Македонија или Косово

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 8:50

Етнички чиста албанска општина формирана и во Црна Гора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ни земаа дел од Подгорица и си формираа етнички чиста албанска општина во Црна Гора, е едногласниот став на јавноста, која во чинот согледуваат можности за нови тензии, како оние во Србија и Македонија.

Тузи, место покрај Подгорица, близу црногорско албанската граница кај Скадар, од денеска имаат статус на самостојна општина во Црна Гора.

Досега Тузи била општина во состав на Подгорица. Тузи така стана 24 самостојна општина во Црна Гора.

Повеќедецениското барања на жителите се преточени се во измена на Законот за територијална организација минатата гоина во кој е предвидено дека ќе се применува од 1-ви септември оваа година.

Новата општина опфаќа како население од гратски карактер така и повеќе од 40 населени места. Според последниот попис ова место имало околу 12.000 жители, од кои повеќе Албанци.

Битна промена за жителите е дека нема повеќе да одат во Подгорица да завршуваат административно бирократски работи, туку тоа ќе го прават службите на локалната администрација.

Добивање статус на самостојна општина ги отвара прашањата на границите со општината Зета, но претставниците на власта во Тузи и опозицијата велат дека тука нема да има никакви проблеми и дека поедини прашања веќе се решени во договор со градоначалникот на Подгорица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.