Заев во Јуни 2018: Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ! Заев во Март 2019: мора да го донесеме законот за СЈО за да добиеме датум!

Објавил: Данаил Михајловски | 28 март, 2019 13:11

ЕУ, законот за СЈО, датумот за преговори, лагите на Заев и молчењето на Жбогар

Фото/Текст извор: ©магазин

“Во авион штотуку примив одлична вест, Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ! Советот на министри на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019г. да започнат преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија!“, напиша македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук-профил во јуни 2018 година, а со радосната вест сподели фотографија со насмевките на Никола Димитров, Бујар Османи и Кочо Анѓушев!

За разлика од пред една година денес Заев тврди дека земјата сеуште нама добиено датум за преговори и дека добивањето на истиот зависи од законот за СЈО, а доколку тој не се усвои за него крива ќе биде опозицијата. Парадоксално, иако не е прв пат, Зоран Заев за нецела година се демантира самиот себе си. После дуелот со лидерот на опозицијата Мицкоски, Заев на својот фејсбук профил напиша: “Без законот за СЈО ќе бидеме закочени. Одговорете на едноставно прашање, дали сакате Северна Македонија да напредува или сакате да ја видите закочена и повторно да не добие датум за преговори, кој го чекаме од 2005 година?“

По се изгледа дека премиерот Заев во Јуни минатата година ја излажал јавноста дека Советот на ЕУ донел одлука Македонија да ги почне преговорите за членство во Јуни оваа година. Веројатно лагата на Заев кон јавноста била со намера да доведе во заблуда поголем дел од граѓаните, а со цел да ги наведе да гласаат за „Европска Македонија“ на референдумот кој се однесуваше на менувањето на уставното име. Но, нејасно е зошто молчел амбасадорот Жбогар, кој знаел дека земјава не добила одлука за датум за преговори? Дали Жбогар е објективен амбасадор на ЕУ во Македонија или е пристрасен дипломат кој ги толерира грубите манипулации на Заев кон јавноста, само затоа што Заев е неговиот политички миленик?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести