Имено на средбата на министрите фокусот беше ставен на туризмот во Европа и за загубата која би ја претрпеле земјите кои главно живеат од туризмот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 април, 2020 19:10

ЕУ ОДЛУЧИ: Ако сакате да патувате ќе мора да имате специјален „кoрoнa пасош“

Фото/Текст извор: ©Магазин

На денешната видео конференција  на министрите за туризам на ЕУ во однос на европскиот туризам беше одлучено да биде изготвен заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји-членки, јави ДПА.

Имено на средбата на министрите фокусот беше ставен на туризмот во Европа и за загубата која би ја претрпеле земјите кои главно живеат од туризмот.

Според хрватскиот министер за туризам, Гари Гапели, документот, кој го предлага ЕУ се однесува на здравствениот и безбедносниот дел од протоколот кога се патува.

Како што рече Гапели договорено e постои заеднички план за управување со кpизи, без оглед на индивидуалните ситуации во државите, пишува Инфомакс.

Туризмот сочинува 10 до 11 отсто од БДП на ЕУ и вработува 12 отсто од вкупно вработените. Клучен е за зајакнување, односно спасување на националните економии – рече Капели при тоа споменувајќи ги како пример неговата земја Хрватска, како и Италија, Шпанија или Грција.

На новинарско прашање за можноста за воспоставување коридор за туристички сообраќај, Гапели одговори дека се надева на постигнување договор до крајот на мај, ако не и во заедничка област, тогаш билатерално со заинтересираните земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести