д-р Илбер Кокале, педијатар од Дебар кој е еден од заболените доктори со Коронавирус за Педијатар.мк ги опиша симптомите на вирусот и како тој решил да се тестира.
Два дена после сомнителниот случај почнав да имам лесно покачена температура, главоболки и малаксаност. Имајќи ги предвид симптомите, самоволно се одлучив да направам тест за актуелниот вирус“.
Во интервјуто за Педијатар.мк тој посочува дека направил тест веднаш штом почувствувал дека има симптоми, но и кажува каков е текот на болеста, како се чувствува во моментот и што им порачува на своите колеги во
борбата против Ковид-19.
На прашањето како се чувствува во моментот, тој одговара дека не чувствува никакви тегоби.
Во моментот искрено да ви кажам не чувствувам никакви тегоби. (ни покачена температура, ни омалаксаност, ни главоболка)
Општата здравствена состојба е задоволителна.
На прашањето дали го фаќа паника за тоа што може да биде тој вели НЕ!
Не, како здравствени работници имаме голема одговорност, и должност да ги почитуваме правилата на Светската здравствена организација и Министерството за здравство и да им пренесеме на пациентите дека барем во оваа фаза не треба паника и страв туку мерки за предупредување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.