Возачот е повреден, но одбил медицинска помош

Објавил: admin@magazin | 12 април, 2019 9:56

Загина македонска државјанка во сообраќајка во Хрватска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонска државјанка загина денеска на автопатот А3 кај Окучани во Хрватска кога возилото со германски регистарски ознаки во кое била совозач излетало од коловозот во одводен канал и се превртело на покрив.

Од полицијата на Бродско-посавската жупанија информираа дека сообраќајката се случила изутрината околу пет часот. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на полицијата, противпожарни единици и Брза помош, пренесува Хина.

Потврдено е дека една жена државјанин на „Северна“ Македонија загинала, а возачот исто така македонски државјанин е повреден, но одбил лекарска помош.

Портпаролката на полицијата Ката Нујиќ изјави дека се врши увид на местото на сообраќајката и се утврдуваат околностите како се случила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...