Првата официјална информација беше дека загинале тројца патници и дека автобусот бил со македонски регистарски таблички.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2021 16:27

На момент заспав, изјавил шоферот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Приведен е возачот на косовскиот автобус во кој утрово на автопатот кај Славонски Брод загинаа 10 патници, косовски државјани. Автобусот со 67 патници излетал од патот. На момент заспав, им изјавил на полицијата возачот, jави Дневник.хр!

Во трагичната сообраќајна несреќа повредени биле 45 патници, од кои осуммина потешко. Автобусот е на компанијата Дева турс, а сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, пренесе МКД!

„Возачот е приведен под сомневање дека непрописко управувал со автобусот и излетал од коловозот. Изјави дека за момент заспал, но сите околности дополнително ќе ги утврдуваме“, велат официјални лица на хрватската полиција.

Првата официјална информација беше дека загинале тројца патници и дека автобусот бил со македонски регистарски таблички.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...