Западнонилската треска во Србија досега однесе 21 човечки живот а инфицирани се над 200 лица

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 11:45

Загрижувачки расте бројот на смртни случаи од западнонилска треска во Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шест лица починаа од западнонилска треска во изминатите седум дена, со што вкупниот број на починати во Србија од 15 за само една недела се искачи на 21 лице.

Во исто време, бројот на лица заболени од оваа тропска болест што ја пренесуваат комарците се зголеми, па сега е 213, за разлика од претходната недела, кога имаше 159 заболени.

Во Белград се зголеми бројот на заразени лица, кој сега изнесува 108, а пред 7 дена беше 78, според најновите податоци од Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.