„ Не бегаме од одговорност. Ќе ја видиме секоја можност, како тоа е направено, дали имало компетитивност, кои се биле критериумите, како е завршено и ќе соопштиме на јавноста.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 февруари, 2019 22:26

Заев : “Ако има привилегии и врски во вработувања, ќе ги повлечеме тие места”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вработувањата ќе бидат со сигурност проверени и ако има привилегии и протекции ќе бараме повлекување на тие места, рече вечерва премиерот Заев пред почетокот на седницата на Извршниот одбор.

Социјалните мрежи и јавноста овие денови реагираа бурно, по сознанието дека во државните фирми се вработиле блиски роднини на функционерите од власта.

Тоа беа вработувањата на сестрата на министерот за култура Адеми, синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, сестрата на министерот за економија Бектеши и многу други.

Премиерот вечерва изјави дека и неговата влада сигурно имаат слабост во функционирањето и затоа кажа дека, ако е направено вработувањето на несоодветен и незаконски начин, секој ќе си ја понесе својата одговорност.

„Ќе направиме конкретна анализа и проверка на оваа работа. Ќе ги видиме сите постапки како се направени. Во последната година имаме 40 илјади вработувања, доминантно во приватниот сектор, но голем и значаен дел се во јавните институции на испразнети места. Ќе ја направиме анализата, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии, протекции или какво било влијание ќе бараме повлекување на таквите места, заради тоа што сакаме да испратиме порака дека сите во општеството дури и деца или кој било, не знам на некој функционер имаат шанса во оваа наша Македонија“ изјави Заев.

„ Не бегаме од одговорност. Ќе ја видиме секоја можност, како тоа е направено, дали имало компетитивност, кои се биле критериумите, како е завршено и ќе соопштиме на јавноста. Доколку има и ќе бараме секако одговорност“. Ќе ги соопштиме сите податоци, дадов насоки за анализа, да се извлечат од секоја поединечна институција и потврдувам дека на јавноста и должиме одговори на овие прашања“ кажа Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.