Заев со изјава дека сепак постои можност Референдумот да не успее и што потоа

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 14:23

Заев: Ако не гласате вие – ние ќе решиме за вас!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот и претседател на СДСМ изјави дека не сака ни да помисли што ќе се случи дококу не биде исполнет цензусот и дека се надева барем тоа да се постигне.

Заев посочи дека ова е историска одлука и дека оваа одлука можат да ја донесат само граѓаните. Иако не појасни зошто тогаш не го стави Договорот за промена на името познат и како Договор со Грција директно на Референдум туку два пати го гласаше во Собранието на Република Македонија по што се соочи со џебното вето на претседателот Иванов.

“Може и граѓаните да не гласаат – поради неинформираност или од други причина да одлучат да останат дома. Во таков случај ја пренесуваат одлуката на институциите. Со сите правници се консултирав и дојдовме до заклучок дека тоа всушност значи така. Но не сакам ни да зборувам што доколку биде така. Нема ако. Овој пат на референдумот одговорноста ќе ја преземеме за себе и своето семејство – и ќе излеземе да гласаме онака како што мислиме. Опција има за или против. Но нема опција дали да излеземе или не. Треба да излеземе ако сме вистински патриоти.” – порача Заев.

Воедно испрати и апел граѓаните сериозно да си ја разберат својата обврска иако повторно не појасни зошто изјаснувањето е консултативно што во основа не е правно обврзувачки за законодавната и извршната власт и што ако СДСМ и ДУИ заедно со БЕСА имаа 81 пратеник во поддршка или потребното 2/3 мнозинство за промна на Уставот. Дали и тогаш ќе имавме Референдум?

“Сите знаеме дека огромно мнозинство ќе бидат за – и таа волја на граѓаните треба да ја почитуваме. Уверен сум дека ќе биде успешен со повеќе од 50 отсто излезност и огромно мнозинство ќе гласаат за европската иднина. Нема друга алтернатива за Македонија. Можеме да бидеме различно партиски и религиски определени – богати или сиромашни – но сите сме еднакви граѓани со еднакви права и обврски во оваа земја. Сега правата и обврските доаѓаат заедно. Убеден сум до небото дека ќе излезат да ја кажат одлуката. Убеден сум дека ќе успее референдумот а потоа ние ќе го послушаме нашиот народ.” – посочи Заев.

Заев воедно упати повик и до членството на ВМРО – ДПМНЕ да излезат и да гласаат – потенцирајќи дека на лидерските среби било кажано дека опозицијата нема да повика на бојкот – што пак го остави отворено прашањето каде е Мицкоски и кој е ставот на ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.