Претходно Македонија доби условна препорака за почеток на преговорите со ЕУ

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 20:14

Заев: Во петок Македонија ќе добие покана за НАТО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во петок на прес конференција во седиштето на НАТО ќе биде објавено дека Македонија ќе добие покана за полноправно членство во Алијансата. Ова е очекувањето на премиерот Заев кој за помалку до 48 часа патува во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

За разлика од влезот во НАТО кој повеќе или помалку е извесен, сепак многу не јаснотии се појавија во јавноста, за тоа што значи условениот датум за почеток на преговорите. За Заев дилеми нема. Македонија следното лето ги стартува овие разговори. Тоа ќе се случело веднаш по изборите за еврпскиот парламент земјава, а во меѓувреме покрај потребните реформи, земјава ќе подлежи и на вообичаениот скрининг процес.

И за спикерот Џафери, синоќешната одлука во Брисел е јасна и претставува дополнителен мотив да се продолжи со толку потребните реформи.

Сосема е јасно дека без договорот со Грција земјава немаше да може ни да се надева на позитивни вести за ЕУ и НАТО. Токму тој договор го поздрави и Помошник на генералниот секретар на НАТО за операции, во нас добро познатиот Џејмс Пердју.

А дека е се поизвесно дека Македонија ќе стане 30тата земјава членка на НАТО потврди и Претседателот на Парламентарното собрание на Алијасната Паоло Али, кој од собранието порача дека членството за земјава во НАТО е од исклучителна важност за целиот регион.

По ова е едно јасно, а тоа дека земјава влегува во еден интензивен реформски период во кој конечно директен бенефит треба да имаат и граѓаните. Колку политичарите ќе бидат по ефикасни и посветени во спроведувањето на реформите, толку земјава побрзо ќе се движи по евро-атланскиот пат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.