Идејата на Владата, денес да направи прослава по повод НАТО-поканата за покана која ќе се реализира само доколку го промениме името и Уставот, ги разлути прилепчани, бидејќи, како што велат самите, со овој чекор им се злоупотребувал „Пивофестот“

Објавил: Македонка Димкин | 14 јули, 2018 17:12

Заев го окупира прилепски „Пивофест“, поради забава за НАТО ?

Фото/Текст извор: ©Алафа тв

Идејата на Владата, денеска да направи прослава по повод НАТО – поканата за покана која ќе се реализира само доколку го промениме името и Уставот, ги разлути прилепчани, бидејќи, како што велат самите, со овој чекор им се злоупотребувал „Пивофестот“ кој  веќе втор ден е во тек. Ова уште повеќе и заради тоа што прилепчани, главно се против најавената утрешна Владина прослава, која според нашите информации, во градот под Марковите Кули треба да влезе во програмата на „Пивофестот“ кој, пак, стандардно е посетен од илјадници посетители.

Според неофицијалните најави, музичката група која што треба да биде дел од Владината прослава, треба да настапи на истата сцена на која се одржува и шеснесетото издание на „Пивофестот“, кој, пак, традиционално, за време на викендот е најпосетен, заради што посетителите се наоѓаат во недоумица.

Што е уште пострашно ова се објави 3 дена пред одржувањето на пиво фест, при што посетителите се изненадени и се чувствуваат уценети.

Вчера забавата продолжи со Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и и грчкиот ДЈ Mossel. Денеска ќе настапат Фортисимо Бенд, Некст Тајм, Џенан Лонџаревиќ и Жељко Јоксимовиќ. Утре Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ, а фестивалот ќе го затвори Шабан Шаулиќ.
Хотелите и приватното сместување се скоро исполнети, а на Паркот на Револуцијата ќе се организиира и бесплатен кампинг простор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.