Претседателот на СДСМ од Делчево наседнал на телефонски повик од лажен советник на министерот за земјоделие, кој на делчевчани им украл 15 шлепери сливи а Заев митингувал

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 14:40

Заев држел митинг, лажен советник им украл цела реколта сливи на делчевчани

Фото/Текст извор: ©инфомах.мк/магазин.мк

Пред одржување на трибината на Зоран Заев во Делчево, лице ја искористило ситуацијата за да ги измами и натера делчевчани да му ја дадат нивната реколта на сливи од годишната берба.

Скандалот иако бил пријавен кај претседателот на ОО на СДСМ во Делчево, не бил пријавен во полициската станица.

Имено непознато лице телефонски стапило во контакт со претседателот на општинската организација на СДСМ – Делчево, Влатко Величковски и наводно во договор со извесен советник на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, бил пратен за да врши откуп на сливи за да го ублажи незадоволството од ниската откупна цена на сливата.

Лицето ветувало висока цена, по што претседателот на СДСМ Делчево веднаш телефонски ги информирал своите блиски соработници како и членови и симпатизери на СДСМ за да ги продадат сливите по повисока цена, а парите им биле ветени после одржување на референдумот.

Очиглено дека претседателот на СДСМ Делчево имал сознанија и за други вакви „иницијативи“ и „активности“ пред референдумот, па не му изгледало ништо сомнително, „откупот“ се одвивал забрзано и успеале да се товарат дури 15 шлепери сливи и да заминат од Делчево во непознат правец.

Сливарите од Делчево насетиле дека нешто е сомнително откако еден од понудувачите побарал документ во кој ќе биде заведена цената и количината која тој ја предава.

Откако увиделе дека таков документ нема да добијат Делчевчани престанале да ја предаваат сливата на лиците при што настанало расправија. Откако настанало недоразбирањето лицето набрзина си заминал и оттогаш станал недостапен на бројот кој бил оставен за контакт.

Делчевчани кои се бават со одгледување на сливи се гневни на претседателот на општинската Величковски, некои шпекулирааат дека и тој е дел од измамата, а ваков случај сеуште не е пријавен во полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...